Структура
Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови:четири члена именува Владата, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Северна Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Северна Македонија.
Претседател на Економско-социјалниот совет
- Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
Јованка Тренчевска | претседател | Министер за труд и социјална политика |
Енвер Хусеин | заменик член | Министерство за труд и социјална политика |
Фатмир Битиќи | член | Заменик претседател на Влада |
Милаим Амети | заменик член | Шеф на кабинет на заменик претседател на Влада |
Фатмир Бесими | член | Министер за финансии |
Филип Николоски | заменик член | Заменик министер за финансии |
Крешник Бектеши | член | Министер за економија |
Зоран Маневски | заменик член | Заменик министер за економија |
Слободан Трендафилов | член и заменик претседател на ЕСС | Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) |
Иван Пешевски | член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) |
Игор Ѓерасов | член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) |
Трпе Деаноски | член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) |
Златко Цветковски | заменик член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) |
Љубиша Каранфиловски | заменик член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) |
заменик член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) | |
заменик член | Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) | |
Владанка Трајкоска | член и заменик претседател на ЕСС | Претседателка на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРM) |
Ангел Димитров | член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Aнета Петровска-Русомароски | член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Љупчо Фармакоски | член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Томе Петковски | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Весна Богдановска | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Ѓорѓи Петрушевски | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Борис Хрисафов | заменик член | Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) |
Управување
Економско- социјалниот совет ја има следнава структура на управување:
- претседател и двајца заменици на претседателот
- секретар
Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција.
Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата.
Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за труд и социјална политика, определено од министерот за труд и социјална политика.
Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството труд и социјална политика.
Надлежности
- ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
- ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
- ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
- му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
- им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
- дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
- ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
- го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
- дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.
-Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.
-Економско социјалниот совет донесува деловник со кој се уредува начинот на работата на советот.
Заклучоци
Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци. Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РСМ и Собранието на РСМ.