Свечена седница по повод 1 Мај на Економско-социјалниот совет

На свечената седница на Економско – социјалниот совет, а во духот на Меѓународниот ден на трудот, се обратија претседателот на Владата Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и секретарот на Советот на Сојуз на синдикати на Македонија, Златко  Цветковски. Останатите членови на Eкономско-социјалниот совет и други присутни, беа вклучени онлајн преку Зум платформата. Во фокусот на седницата беа работничките права и работните места и влијанието на пандемијата врз нив, како и моменталната состојба со пазарот на труд и идните чекори кои ќе треба да се преземат за да се намалат последиците од пандемијата. Суштинскиот социјален дијалог доведе до ублажување на економските последици од пандемијата, евидентно во процесите на креирање на политиките како одговор на тоа, пред се економските пакети на мерки, беше заклучено од страна на говорниците.